Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО Белгија: Бомба експлодира во Брисел

(ФОТО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО Белгија: Бомба експлодира во Брисел

На Институтот за криминлогија на северот од Брисел рано утрово експлодирала бомба, повредени нема, бидејќи зградата во тоа време била празна, а од противпожарната служба рекле дека „наверојатно не е случајност“.

Како што пренесоа локални медиуми, еден или повеќе напаѓачи со автомобил ја пробиле оградата околу три часот утрто и потоа детонирале бомба недалеку од лабораторијата што предизвикало пожар.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/BBCWorld/status/770125879578075142?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Уште не е официјално утврдена причината за експлозија, но портпаролот на противпожарната служба , Пјер Мејс рекол дека „причината веројатно не е случајност“, додека обвинител одбил да ја „нагодува причината за експлозија“, на Институтот за криминологија.

brisel-teroristicki-napad-institut-za-kriminologiju-foto-ap-1472454527-979981

„Експлозијата била исклучително силна, па скршени прозорци имало во пречник од повеќе десетина метри“, изјавил Мејс.

Институтот за криминолгија е дел од белгискиот правосуден систем, а задача му е да изведува научни аналлизи поврзани со кривични предмети и да ги проучува системите на функционирање на затворски системи.

Белгија го подигна степенот на подготвеност, после терористичките напади на аердромот, потоа и метро станицата во Брисел.

Слично

Поврзани вести