(ФОТО) ТЕМПЕРАТУРИ НАД 50 СТЕПЕНИ: Ова се најжешките места на планетата
Летото дојде, а со него и големите горештини. Кога температурите почнат постојано да надминуваат 30 степени Целзиусови, на сите ни се сака да сме некаде блиску до море или вода, за да се разладиме.
И ни се чини дека нема спасение од жештините.
Но постојат места каде што температурите се дури над 50 степени, пишува „Индипендент“.
Погледнете кои се 10-те најтопли места на планетата:
10. Бандар-е Махшер, Иран

Во овој ирански град е забележан вториот највисок топлотен индекс во светот. Топлотниот индекс ја комбинира температурата на воздухот и релативната влажност. Во јули 2015 година тука индексот покажал 74 степени. Највисоката регистрирана температура е 51 степени.
9. Гадамес, Либија

Оваа оаза во средината на пустината сега е предмет на светското културно наследство на УНЕСКО, благодарение на иконските колиби направени од кал, кои им помагаат на 7000 жители да се заштитат од интензивната топлина. Во оазата, позната како "бисер на пустината", температурата достигнува просечно 40 степени, а максималната регистрирана била 55 степени.
8. Кебили, Тунис

Овој пустински град е познат по своите квалитетни урми, кои очигледно немаат проблем да напредуваат при средни температурни максимум од 40 степени во текот на летото. Највисоката температура забележана тука е 55 степени.
7. Тимбукту, Мали

Гратчето во јужниот дел на пустината Сахара е жешко дури во зима - средните максимални температури достигнуваат 30 степени во јануари. Најтоплата температура која некогаш била регистрирана тука е 49 степени.
6. Тирана Зви, Израел

Тирана Зви се гордее со најтопла температура во Азија - во јуни 1942 година се евидентирани 54 степени. Рекордот е поставен под сомнение од Кристофер К. Берт кој тврди дека читањето на термографите е неправилно читање и требало да бидат земени 53 степени.
5. Дашт е Лут, Иран

Ова пустинско плато ги има најжешките температури на површината на планетата - сателитските мерења извршени меѓу 2003 и 2009 година, покажаа максимална температура од 70,7 степени.
4. Вади халфот, Судан

Во текот на годината во Вади халфот, град на брегот на езерото Намибија во Судан, нема речиси никакви врнежи. Јуни е најтоплиот месец, со просечни температурни вредности од 41 степени. Најтоплата температура која некогаш била регистрирана, била 53 степени во април 1967 година.
3. Далол, Етиопија

Во ова хидротермално поле со хлороводородна покриеност, кисели топли извори и гасни гејзери се регистрирани средни дневни температури од 41 степени меѓу 1960 и 1966 година Ова е највисока просечна температура на едно место на земјата.
2. Ал Азизја, Либија

Поранешниот главен град на општина Ал-Джафра лоцирана на 55 километри од главниот град Триполи ја носи титулата најтопло место на земјата. Во 1922 година тука се евидентирани 58 степени температура. Но во 2012 година оваа титула беше одземена кога метеоролозите ја прогласија за неважечка поради различни фактори, вклучувајќи го и тоа дека човекот кој ја измерил,го немал потребното искуство. Сепак, градот постојано е со температури над 48 степени среде лето.
1. Долината на смртта, Калифорнија, САД

Долината го држи местото за највисока температура на светот, откриена досега воопшто. Тука се измерени 56,7 степени Целзиусови во летото 1913 година. Сега просечните температури тука достигнуваат 47 степени и тоа е најсувото место во САД.
