(ФОТО) ТАЖНА СЛИКА ВО МАРИУПОЛ: Се шири чад, над 80 отсто од зградите се оштетени
Украинскиот град Мариупол е во очајна состојба поради воените дејствија.
Над 80 отсто од станбените згради во тој град се оштетени, а голем број се урнати. Русија бараше предавање на градот, но тоа не се случи. Украина го отфрли ултиматумот.

Новите фотографии објавени од Максар технолоџис покажуваат густ чад што се издигнува од низа станбени згради. Пред војната во градот живееле околу 400.000 луѓе. Сега, останале околу 100.000. Во градот луѓето останаа без вода, струја, греење, а едно дете почина од дехидрираност.

Украинскиот претседател Влодомир Зеленски вчера изјави дека од овој град останале само урнатини. Пред 28 дена Русија ја почна инвазијата на Украина. Русија има неколку барања за Украина, меѓу кои и земјата да биде воено неутрална. Укриана бара построги економски санкции за Русија.
foto EPA
Слично
