Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ТАЈВАН ЗАВИЕН ВО ЦРНО: Колку луѓе загинаа, а по колку се трага?

(ФОТО) ТАЈВАН ЗАВИЕН ВО ЦРНО: Колку луѓе загинаа, а по колку се трага?

Бројот на жртви се зголемува, а потрагата по настраданите луѓе во земјотресот во Тајван продолжува. 

Според последните информации досега се најдени тела на 6 лица, преку 250 луѓе се повредени, додека 76 се водат за исчезнати.

Тајванската официјална новинска агенција ЦНА јави денеска дека 4 лица загинале, 225 се повредени, и дека се трага по над 140 луѓе.

Земјотрес со јачина 6,4 го погоди вчера Тајван во регионот на градот Хуалијен, каде се урнаа пониските катови од повеќе згради вклучувајќи и два хотела.

Потресот е регистриран во 23 часот и 50 минути по локално време (16 часот и 50 минути по централноевропско време), а епицентарот бил на 21 километар североисточно од пристаништето во Хуалијен, на источниот брег на Тајван. Тој бил на длабочина од околу 9,4 километри под површината на земјата, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС). 

Слично

Поврзани вести