(ФОТО) ТАЈНАТА ЗА НЕГОВАТА СМРТ ЌЕ ОСТАНЕ ЗАСЕКОГАШ ВО ОВАА КУЌА: Овде Џорџ Мајкл ги помина последните денови!
Веста за смртта на Џорџ Мајкл го потресе цел свет. Многу познати личности се простуваат од него, а неговите многубројни обожаватели остават свеќи и пораки пред куќата во која ги помина последните денови.
Иако беше медиумски доста следен, животот на Џорџ Мајкл за многумина е уште вистинска мистерија.
„Целата оваа работа, мислам на шоу бизнисот, се заснова на его, суета и самозадоволство, а с**ње е да се преправаме дека не е така. Нема утеха во вистината, болката е се што ќе најдете во јавниот свет“, рече при една прилика Мајкл кој со својата појава го фасцинираше светот.

Сепак, веста за неговата смрт дојде како голем шок, а многу познати личности не ја кријат својата тага по повод заминувањето на познатиот пеач.

Неговите фанови, од друга страна, во солзи потрчаа кон куќата во која пеачот ги помина своите последни денови. Свеќи, пораки, и цвеќето се еден од начините да се простат од познатиот пеач, додека многу сметаат дека мистеријата за неговата смрт ќе остане засекогаш меѓу овие ѕидови.

Пространата куќа во Лондон била вистинско засолниште за познатата ѕвезда која , и покрај многубројните скандали и судири со законот, својата оаза на мир ја пронаоѓала токму тука.
Домот на Џорџ Мајкл го красел и прекрасен поглед на езеро во кој познатиот музичар уживал.
Изобилието на природата една типична и пространа лондонска куќа ја правело вистински рај.

Меѓутоа, еден детал на сите им го скршил срцето...

Имено, како и секогаш во периодот на празниците, влезната врата на домот на Мајкл ја красел божиќен венец кој секогаш асоцирал на топлина и мир во домот.
