Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СТРАВ ОД КОРОНАВИРУСОТ: Кинези шетаат замотани во пластика

(ФОТО) СТРАВ ОД КОРОНАВИРУСОТ: Кинези шетаат замотани во пластика

Во Кина, но и во поголем дел од светот, владее паника поради коронавирусот за кој накои научници велат дека се повеќе потсетува на САРС.

Во Кина каде е и жариштето на појавата на корона вирусот, голема е побарувачката за маски кои речиси и да ги нема на пазарот па луѓето се снаоѓаат како знаат и умеат.


На социјалните мрежи се шират фотографии и снимки од Кинези кои се речиси целосно замотани во пластика, некои си направиле маски дома, користејќи пластични шишиња за вода па направиле две дупки за да имаат воздух.

Секој ден се појавуваат стотици нови заразени.


Во аеродромите ширум светот, патниците во Кина и од неа речиси е невозможно да не се забележат. Во аеродромот во Ванкувер во Канада едно кинеско семејство било речиси целосно замотано во пластика, дури и детето во количка.

Во Шангај човек на аеродромот дошол во импровизирана кацига, која ја пренаменил во заштитно средство против коронавирус. Друг пак земал шише за вода и така го прилагодил на себе.


Слично

Поврзани вести