(ФОТО) СТРАВ И ПАНИКА ГО ИСПРАЗНИЈА МИНХЕН: Вака изгледаше ноќта по нападот!
Деветмина се убиени, а 16 повредени во нападот на трговскиот центар во Минхен, изјавил шефот на полицијата на тој германски град Хубертс Андре и додал дека е наједно и телото на напаѓачот кој извршил самоубиство.
Напаѓач бил 18-годишен Германец со иранско потекло, кој немал никакво криминално досие, и најверојатно дејствувал сам.
Moтивите на нападот се „целосно нејасни“, рекол шефот на полицијата на конференцијата за медиуми.
Полицијата претходно верувала дека во нападот учествувале најмалку три лица, но Андре прецизирал дека се испоставило дека другите две лица за кои се мислело дека се поврзани со нападот, немале со тоа апсолутно ништо, туку само бегале од пукањето.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека пукањето во Минхен е „гнасен терористички напад“ чија цел е ширење на страв во Германија после минатонеделниот напад во Франција.



