(ФОТО) СТРАВ И БЕДА: Како изгледа животот во најопасниот град во светот
Според достапните податоци за минатата година, на популација од 100.000 жители се случиле 187 убиства. Станува збор за Сан Педро Сули во Хондурас кого оваа трагична статистика го прави еден од најопасните градови за живеење во светот.
Улични банди, дрога и сиромаштија се секојдневните маки на овој град во Јужна Америка, а следните фотографии покажуваат колку суров може да биде животот во Сан Педро Сули.
Повеќе од половина од пресметките помеѓу нарко мафијата во средна Америка се случуваат во Хондурас, а статистиките велат дека бројот на вакви пресметки се зголемил дури за три пати во периодот од 2010 до 2011 година. Во Хондурас е пронајдена и првата подвижна лабораторија за кокаин.
Најголем дел од убиствата во оваа област остануваат неразјаснети.
Во 2008 година бројот на убиства бил толку голем што мртовечниците изнајмувале ладилници за да ги сместуваат телата на жртвите.
Ситуацијата во мај 2013 година била толку сериозна што дури и католичката црква се обидела да посредува во преговорите околу помирувањето помеѓу две завојувани нарко банди.
На бандитите и затворите не им можат ништо. Најмалку 14 затвореници загинале во 2012 година во меѓусебни пресметки на две банди во затвор. Една година по овој инцидент затворениците во потполност ја презеле контролата на затворот, а државата отстапила од пресметка со нив.
Жителите на Сан Педро Сули живеат во страв и сиромаштија. Хондурас е втора најсиромашна земја во средна Америка каде повеќе од 65 отсто од жителите живеат под границата за сиромаштија.
Само 15 проценти од жителите пијат вода исправна за пиење, повеќе од 80 отсто немаат никаква здравствена заштита, а околу 33.000 лице се ХИВ позитивни.
Поради целокупната ситуација во државата голем дел од лушето се обидуваат да побегнат од неа. Само во 2012 година од Америка биле депортирани назад 32.240 лица.

Слично