(ФОТО) СТРАОТНИ ПОПЛАВИ: Загинаа 20 луѓе
Тропската бура Сон Тин, која завчера го погоди северот на Виетнам, уби 20 луѓе, информираа денеска виетнамските власти.




Уште 16 лица се водат како исчезнати, а 14 се повредени од надојдената вода. Повеќе од 5.000 домови се оштетени, урнати или потопени.
Според виетнамските служби за спасување надојдената вода уништила 80.000 хектари посеви, а угинале и 17.000 домашни животни.
Поплавите ги зафатија приморските области на Виетнам, како и главниот град Ханој.
Според метеоролозите ќе има обилни дождови и во следните неколку денови.
Слично
