Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СТРАОТНА ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Се запали автобус кој превезуваше деца

(ФОТО) СТРАОТНА ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Се запали автобус кој превезуваше деца

Повеќе од 16 лица загинаа кога ученички автобус со унгарски регистарски таблици синоќа удри во столб на автопат во северниот дел на Италија и се запали, соопшти утрово пожарникарската служба.

Околу 36 повредени патници се пренесени во болница во Верона, а се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Во автобусот патувале ученици од Унгарија на возраст меѓу 14 и 18 години.

Децата се враќале од Франција, каде биле на екскурзија. Во автобусот имало околу 50 патници. Меѓу жртвите би можел да биде и возачот, кој е француски државјанин. 

Засега не е позната причината за несреќата.



Слично

Поврзани вести