Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Страотна глетка по земјотресот на Филипини

(ФОТО) Страотна глетка по земјотресот на Филипини

Земјотрес од 6,8 степени по Рихтеровата скала ги погоди Филипините, при што се повредени 2 лица и оштетени се неколку објекти. 

Илјадници луѓе излегоа на улиците, а при најновиот потрес оштетена е зградата на една болница, две владини згради, пристаништето и дојде до  уривање на најмалку една зграда.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија информираше дека потресот се случил во петок навечер, на 53 километри од островот Минданао, на длабочина од 41 километар.

Американски сеизмолози предупредуваат на можно цунами во регионот на Минданао и во Индонезија. Се очекуваат бранови во радиус од 300 км. 


Слично

Поврзани вести