(ФОТО) СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ НА ШАРЛИ ЕБДО: Карикатура на бог во крвава облека со калашников
Една година по масакрот во редакцијата на француското сатиричното списание „Шарли Ебдо”, новинарите подготвија специјално новогодишно издание.
Редакцијата потсетува на терористичкиот напад, со карикатура на брадест бог во крвава облека, кој држи калашников во раката. Насловот на карикатурата е „Една година подоцна, убиецот сè уште е на слобода“.
Главен уредник на списанието, кој беше тешко ранет во нападите, напиша уводник во кој се залага за световност и ги критикува религиозните фанатици. Карикатуристот Рис пишува и дека „верувањата на атеистите и лаиците можат да поместат повеќе планини од верата на верниците“.
Инаку, париското сатирично списание пред една година, на 7-ми јануари, претрпи терористички напад во кој беа убиени десет члена на редакцијата и двајца полицајци.
Овој број ќе биде печатен во милион примероци. Во него ќе бидат објавени и цртежи од убиените карикатуристи Кабу, Волински, Шарб, Тињус, Оноре.

