Фото со уништена кола и недопрени детски седишта ќе ве замисли
Објавата на Џена Касадо Раберман на фотографија од нејзиниот целосно уништен автомобил во сообраќајна несреќа со две речиси недопрени детски седишта стана вистински хит на социјалните мрежи. Токму детските седишта кои се во одлична форма потсетија многу родители дека безбедноста на нивните најмили мора да биде главен приоритет.
Детските седишта значително ја подобруваат безбедноста на децата во сообраќајот и спречуваат фатални последици, а како во Македонија така и низ многу земји на светот се дури и задолжителни.
Раберман за медиумите изјави дека во моментот на несреќата ги возела двата синови Бекет на 2 години и Брукс со само 6 недели кои биле сместени во посебните седиште и го преживеале тоталното уништување на автомобилот без никакви последици.
