Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СО ШТО ГИ ИЗРАДУВА ПУТИН: Каков подарок им донесе рускиот лидер на Меркел, Ердоган и Макрон на самитот за Сирија

(ФОТО) СО ШТО ГИ ИЗРАДУВА ПУТИН: Каков подарок им донесе рускиот лидер на Меркел, Ердоган и Макрон на самитот за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин, кој на состанокот во Истанбул допатувал од Сибир, како подарок на своите колеги им донел риби, бобинки, лешници и други локални производи, изјавил портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.

Во Истанбул во саботата е одржан состанок меѓу лидерот на Франција, Германија, Русија и Турција, Емануел Макрон, Ангела Меркел, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган за Сирија.


Во пресрет на посетата на Истанбул Путин го посетил сибирскиот град Ханти Мансијск каде се состанал со локални претставници. 

Лидерите на Турција, Русија, Франција и Германија се согласиле денес на самитот за Сирија дека не постои воено решение за кризата во таа земја и повикаа на што поскоро покренување политички процес како би се завршила повеќегодишната војна во таа земја.

Тие во заедничко соопштение после состанокот во Истанбул ја истакнале неопходноста од воспоставување на трајно примирје во Сирија и потреба да се продолжи борбата против екстрмистите, истовремено повикувајќи дека до крајот на годината ќе се формира комитет кој ќе се занимава со промена на уставот на таа земја.


FOTO: Reuters


Слично

Поврзани вести