(ФОТО) СО ГОЛИ РАЦЕ ОТКОПУВААТ ТЕЛА: Вулканот во Индонезија остави пустош
Евакуацијата на граѓаните во областите каде еруптираше вулканот Семеру во Индонезија е попречена од задушувачки чад, прекини на струја и дождови кои остатоците од ерупцијата ја направија кал.
Спасувачите во Индонезија трагаат по преживеани во селата затрупани во врела пепел по ерупцијата на вулканот Семеру на островот Јава во саботата.
Најмалку 14 лица загинаа, а десетици се повредени, соопштија официјални лица. Уште 27 се водат како исчезнати.
Волонтер снимал полицајци и воени службеници како се обидуваат да ги откопаат телата со голи раце, јавува Би-Би-Си.

Тауфик Исмаил Марзуки, кој ја снимал борбата за ексхумирање на телото, изјави за Ројтерс дека напорите за спасување биле „многу страшни“.
ФОТО: EPA
Слично
