(ФOTO) СНЕЖНА КАТАКЛИЗМА: Први фотографии од хотелот кој го поклопи лавина
Спасувачите го извлекоа телото на првата жртва од хотелот во централна Италија кој синоќа беше погоден од лавина по серијата силни земјотреси, пренесе телевизијата Rainews24.
Снежната лавина, којашто најверојатно ја предизвикале серијата земјотреси, целосно го покрила хотелот „Rigopiano di Farindola“ во гратчето Фирандола на падините на планината Гран Сасо. Се претпоставува дека во моментот на трагедијата во хотелот имало 20 туристи и засега неутврден број членови на персоналот.
Поради лошите временски услови, спасувачите успеале да стигнат до хотелот дури во 4,30 часот утрото. Спасувачите успеале да извлечат од лавината две лица, надвор од хотелот. Судбината на другите засега не е позната затоа што нема никакви контакти со нив.






