(ФОТО) Снежна бура зароби туристи во познат ски центар во Швајцарија
Швајцарските власти соопштуваат дека село во близина на познатиот врв Матерхорн повторно е отсечено од светот поради нови снежни врнежи кои го блокирале
патниот и железничкиот сообраќај.

Властите стравуваат од можни лавини, а локалната железница на својот сајт објави дека патниот пристап до селото Зермат ќе биде блокиран и денес, но дека хеликоптери и понатаму префрлаат луѓе.

Овој аплски туристички центар соопшти дека туристите и сите други на патот за Зермат треба да бараат сместување во поголемите градови како што се Цирих, Базел и Берн, додека ситуацијата не се стабилизира.




Зермат беше отсечен два дена во почетокот на месецот кога беа блокирани околу 13 000 туристи.
ФОТО: Епа
Слично
