Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Снежното невреме го блокираше Истанбул

(ФОТО) Снежното невреме го блокираше Истанбул

Во Истанбул поради снегот се случиле стотина сообраќајни незгоди, пренесува АФП.

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ морала да одложи или откаже над стотина летови од меѓународниот аеродром во Ататурк, главниот аеродром во земјата како и од аеродромот во „Сабиха Гокчен“.

turcija 1

По затварањето на аеродромот Ататурк на два часа за да може да се исчисти пистата од снег и лед, аеродромот повторно е пуштен.

Турските медиуми јавуваат дека денеска авион кој доаѓал од Бејрут слетал на пистата и дека никој од патниците не е повреден. Невремето го погодило и прволигашот Бешикташ кој е заглавен на аеродромот во Истанбул и чека лет за Ливерпул, каде треба во четврток да одигра натпревар од Лигата Европа.

turcija 3

Снежната бура ја прекина и пловидбата за бродови низ Босфорскиот канал, кој е еден од најпрометните во светот.

turcija 2

Истанбулските власти соопштиле дека имало повеќе од 840 сообраќајни незгоди во вторникот и средата и дека на улиците може да излегуваат исклучиво возила кои имаат ланци за снег, пренесува АФП.

Слично

Поврзани вести