(ФОТО) „Снежната бура на векот“ во САД однесе 30 жртви
Бројот на загинатите во резултат на снежните врнежи во САД се искачи на 30 лица. Претходно беше соопштено за 28 загинати.
Во државата Делавер по расчистувањето на снегот пред својот дом од срцев удар почина полициски офицер. Уште две лица загинаа од срцев удар при расчистување на снегот во Мериленд.
Постара двојка починала најверојатно од труење со јаглерод моноксид. Според информации на полицијата поради снежните врнежи тие останале без електрична енергија и роднина во гаражата им поставил генератор, потоа по неразјаснети причини вратата се затворила и домот се исполнил со гасови.
На патот на снежните врнежи, кои почнаа во САД на 22 јануари, се најдоа околу 90 милиони жители на САД. Властите во 11 држави прогласиле вонредна состојба, како во Вашингтон бил блокиран транспортот, а во Њујорк го забранија движењето на автомобили по улиците. Властите на американската престолнина, Њу Џерси и Њујорк ги повикаа жителите да не излегуваат на улица ..
Според локалните медиуми, по снежните врнежи, при што во некои области паднале до 70 сантиметри снег и 200 000 домови останаа без електрична енергија, се појавила опасност од силни поплави.




