Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СНЕГОТ ГИ ПАРАЛИЗИРАШЕ: Откажуваат летови, затвораат патишта

(ФОТО) СНЕГОТ ГИ ПАРАЛИЗИРАШЕ: Откажуваат летови, затвораат патишта

Стотици летови се откажани во САД поради снежно невреме. 

Поради невремето, од полноќ до раните утрински часови откажани се 809 летови, а во неделата, пак, беа откажани 700 летови.

Во земјата има и лизгави патишта за оние кои викендот по Денот на благодарноста се враќаа кон своите домови.

Подрачјето на Чикаго е покриено со околу 30 сантиметри снежна покривка, а на чикашкиот аеродром О’Хер  (O'Hare) паднаа 19 сантиметри, додека на аеродромот Мидвеј се измерени 12,5 сантиметри снег.

Снежната бура, исто така, зафати и делови од Мичиген, што довело до отежнати услови за возење.

Гувернерот на Канзас, Џеф Колиер, во неделата прогласи вонредна состојба бидејќи во некои делови на земјата нападнал и повеќе од 36 сантиметри снег. Неколку патишта останаа затворени во понеделникот, и тоа најмногу во североисточниот дел.

Патиштата во Небраска и јужните делови на Ајова се покриени со снег и мраз.

фото АП

Слично

Поврзани вести