ФОТО: Сириец под урнатини одгледува зеленчук – не сака да бега од земјата
Сириецот Абдула Ел Китмави под урнатини одгледува зеленчук и не се откажува од својата земја.
Тој не заминува од својата земја и се труди да опстане во градот кој е под бомби и во војна веќе шеста година.
Овој Сириец под урнатини во Алепо одгледува зеленчук кој го дели на своите сограѓани за да ја преживеат хуманитарната катастрофа, која од ден на ден е се потешка.
„Пред две години одлучивме во урнатините во местото каде живееме да засадиме зеленчук“ - вели тој.
Ел Китмави сади компири, пиперки, домати и нане. Во бомбардирањето урнати се неговата и куќата на неговиот сосед.
Храната е за неговото семејство, а остатокот по ниска цена го дава на сограѓаните. Вели дека што и да се случи нема да го напушти Алепо.
Слично



