(ФОТО) ШТО СЕ СЛУЧУВА: Евакуација во Берлин
Железничката станица „Зоолошката градина” во Берлин, една од главните во германската престолнина, поради пожар денеска беше евакуирана.
Во инцидентот нема повредени.
Портпаролот на противпожарната служба служба наведе дека огнот избил во заградена зона, каде се изведуваат градежни активности.

Но, чадот стигнал до платформите и поради тоа имало принудна евакуација. Од задимената платформа се изведени 15 лица, а при тоа едно лице е повредено – останатите се однесени во болница да бидат прегледани.

Воз со 250 патници, кој беше проголтан од димот, исто така, е пренасочен во безбедна соба, посочија од полицијата. Станицата, која се наоѓа во западниот дел на Берлин, е целосно евакуирана.
Инцидентот го наруши движењето на регионалните и локалните возови. На композициите кон оддалечените дестинации им е дозволено да продолжат со сообраќај, но урбаните возови нема да сообраќаат.
