Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Што носат бегалците со себе кога бегаат во Европа: Ова го има во нивните торби!

(ФОТО) Што носат бегалците со себе кога бегаат во Европа: Ова го има во нивните торби!

Бегалците кои во последните недели доаѓаат во Европа своите домови ги напуштиле само со најпотребните работи, само со она без кое никако не можат. Сите драгоцености кои ги поседуваат сега може да ги соберат само во една торба, а International Rescue Committee забележа што понеле со себе.

Абеса (20) , Дамаск, Сирија

Оваа храбра жена избегала од предградието на Дамаск со сопругот и десетмесечното бебе после заострување на судирите. Во почетокот некое време поминала во Турција, а потоа со гумен чамец стигнале до Европа. Турските полицајци ги запреле им им го одзеле моторот на чамецот, но тие продолжиле до Грција веслајќи. Во својата торба денес има капа за бебето, лекови, флаша стерилизирана вода, храна за ќеркичката, чорапи, аналгетици, паричник, документи, полнач за мобилниот и жолта нараквица.

-Се што сега имам ми служи детето да не го изложам на болести, да остане здраво. Во Грција љубезен човек ни дал два тањнири храна. Друг ни даде кекс и вода кога го виде бебето - раскажува мајката на десетмесечното девојче.

Migranti-torba-sadrzaj-torbe-3

Омран (6) , Дамаск, Сирија

Тој има само 6 година, а со своето семејство тргнал кон Германија, Се што има му собира во плав ранец. Во него се едни панталони, една мајца, лекови, слатки, сапун, четка и паста за заби, и фластери.

Migranti-torba-sadrzaj-torbe-1

Игбал (17), Кундуз, Авганистан

Овој тинејџер пеш стигнал до Турција, а цело време бил во контакт со пријател кој стигнал во Германија. Тој со себе понел патики, кошула, панталони, пар чорапи, таблети, два мобилни телефони, пари, паста и четка за заби, како и гел за коса.

Migranti-torba-sadrzaj-torbe-4

Анонимен фармацевт (34) , Сирија

Кога почнала војната во Сирија, татко му раскажувал за осумте години кои ги поминал во Германија додека студирал медицина. Сакал таков живот и надеж во иднината. Затоа со своето семејство избегал во Турција, а таму ги сретнал криумчарите кои го префрлиле до Европа.

Бродот со кој тргнале во Грција потонал, па сите во вода поминал саат време пред да бидат спасени. Во неговата малечка торба се парите, стар и нов мобилен, полнач, слушалки, и мемориска картичка од 16ГБ, на која се наоѓаат фотографиите од неговото семејство.

Migranti-torba-sadrzaj-torbe-2

Нор (20), Сирија

Најголема страст му се музиката и уметноста, а во татковината се занимавал со сликање и правење гитари. Кога бомбите почнале да паѓаат во близина на неговиот дом, го напуштил и тргнал кон Турција со со најпотребното - документи, саат, сириско знаме, тргалка и кошула.

Migranti-torba-sadrzaj-torbe-7

Анонимо семејство, Алепо, Сирија

Напуштајќи ја Сирија, секој член на ова семејство понело една или две торби, но и бродот со кој тргнале кон Грција потонал. На него се наоѓале седум жени, четири мажи и 20 деца. Му спасиле само една торба во која се една кошула, панталони, обувки, хигиенски потреби, пари , документи и чешел.

Migranti-torba-sadrzaj-torbe-5

Слично

Поврзани вести