ФОТО: Што ги натера Британците да креваат ѕид кон Франција?
Во Кале во Франција месецов ќе почне да се гради голем ѕид, што ќе ги спречи мигрантите да поминат низ тунелот под Ламанш и да стигнат до Велика Британија.
Тој ќе биде од бетон, висок 4 метри, а ќе биде финансиран од Лондон со 2 милиони фунти. Ќе биде долг 1 км и ќе биде поставен за оние кои се приближуваат со возила кон пристаништето за качување на траектите. Намерите за изградба на ѕидот беа потврдени од британскиот министер за миграциските прашања, Роберт Гудвил кој рекол дека изградбата ќе започне многу скоро.
Асоцијацијата на автомобилски превоз на товар ја критикуваше мерката како лошо користење на парите на даночните обврзници, кои наместо тоа можат да бидат потрошени за „зголемување на безбедноста на пристапот кон патиштата“.
Екипите на британските граничари на француска земја спречиле преминување на 84.088 мигранти. Комесарот од француската полиција, Патрик Висер-Бурдон тврди дека во јуни оваа година имало 22.000 нарушувања на преградите на патот кон пристаништето, а во јануари нивниот број бил 3.000.
Безбедноста на пристаништето ќе биде зајакната со распоредување на нова и подобра опрема.
Лани во Велика Британија се преселиле 630.000 лица, што е релативно мало зголемување во споредба со 2014 година. Миграцијата од земји од ЕУ е 184.000, што е зголемување за 10.000 луѓе во споредба со 2014 година. Растот e поради зголемување на миграцијата најмногу од Бугарија и Романија.

Слично