(ФОТО) ШТО ДЕКА Е ЌЕРКА НА ОБАМА: Саша Обама работи како келнерка во текот на летото
Младата ќерќа на претседателот на САД, Саша Обама, ова лето работи како келнерка во еден рибен ресторан.
Петнаесет годишната ќерка на Барак Обама прифатила во текот на летото да работи во рибен ресторан за брза храна во познатото летувалиште arta''s Vajnard, во Масачусетс, каде инаку семејството Обама со задоволство летува. Саша работи на каса, а и услужува гости обидувајќи се да ги задоволи барањата на многубројните туристи.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/BostonNewsdaily/status/761516893576400896?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Како што пренесува „Boston Herald“ Саша на работа се претставува со целото име Нашата, и до работното место ја следат шест агенцти на тајната служба. Нејзиниот колега, рекол за репортерот на „Boston Herald“ дека вработените се прашувале зошто новата работничка ја следат шест мажи, и дека дури подоцна дознале дека е во прашање ќерка на американскиот претседател.
Белата куќа не го коментирала извештајот, но првата дама на САД, Мишел Обама, изјавила дека „сака своите деца да ги воспитува нормално“ колку е можно. Самата Саша рекла дека би сакала да се врати и да работи и следното лето кога нејзиниот татко веќе нема да биде претседател. Од нешто мора да се живее.


