ФОТО: Шпанија целата црвена, илјадници луѓе ќе фрлаат домати
Околу 150 000 килограми домати се донесени со камиони за годинешниот фестивал на кој луѓето ќе фрлаат со домати во близина на шпанскиот град Валенсија.
Се очекува за „Ла Томатина" да пристигнат повеќе од 20 000 луѓе кои ќе фрлат домати еден по друг во една од тесните улички.
Уште во вторникот жителите ги покрија фасадите на зградите и продавниците, за да ги заштитат од дамките од домати.
За прв пат „Ла Томатина" е организирана спонтано во 1945 година. Во 50-те години на минатиот век, за време на режимот на генерал Франко, е забранета, а во последниве години привлекува голем број туристи.
Слично



