(ФОТО) Шарли Ебдо со нова скандалозна карикатура за 3-годишниот Ајлан
Францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“ уште еднаш беше критикуван поради својата карикатура. Главен лик во цртежот повторно е 3-годишниот бегалец Ајлан Курди, кој се удави во обид да избега со своите родители во Грција.
„Шарли Ебдо“ објави карикатурата на загинатото дете со текстот „Што требаше да прави најмалиот Ајлан Курди кога ќе порасне, ако не се удавеше? Одговорот е: „да силува жени во Германија“.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Max_Fisher/status/687363525489000448?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Весникот беше остро осуден на социјалните мрежи и обвинет за расизам. Членови на „Twitter“ ја нарекоа карикатурата „одвратна“, „расистичка“ и „бесрамна“. „Срам ми е дека некогаш бев симпатизер на „Шарли Ебдо“ и „Луѓе, вие сте болни“, се помеѓу коментарите на социјалните мрежи.
„Шарли Ебдо“ нè потсетува дека нема проблем да сме расисти, под услов да ги увериме сите дека тоа е сатира и слобода на говорот“, пишува корисник на „Twitter“.
Ова не е прв скандалозен цртеж на весникот, во кој е прикажан 3-годишниот Ајлан. Во септември минатата година „Шарли Ебдо“ објави две карикатури со него.
На едната е прикажано мртво дете кое држи реклама на „Мекдоналдс“, на која пишува „Две Хепи менија на цената на едно“. Насловот на карикатурата е „Толку блиску до целта“.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/DavidJo52951945/status/643650936330690560?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]На другата се прикажува удавеното дете како човек, налик на Христос, на кое пишува: „Христијаните одат по вода, муслиманските деца се дават“. Насловот пак гласи: „Доказ за тоа дека во Европа господарува со христијанството“.
Повод за новата карикатура на „Шарли Ебдо“ се стотиците жалби на жени кои беа нападнати за новогодишната ноќ во Келн. Околу 40 отсто од случаите влијаат на обвинение за сексуално насилство. Мнозинството сторители биле од северноафриканско потекло, според соопштението на полицијата. Повеќето осомничени се бегалци или илегални имигранти.
