ФОТО: Серија потреси во Нов Зеланд - што оставија зад себе?
Во Нов Зеланд серијата земјотреси предизвикаа штети во земјата, при што најмалку двајца луѓе загинаа.

Двата посилни земјотреса предизвикале цунами поради што голем број луѓе се евакуирани во повисоките места. Првиот земјотрес бил со сила од 7,8 степени со епицентар во градот Ханмер Спрингс кој е во близина на градот Крајстчрч кој во 2011 година беше погоден од земјотрес при што загинаа 185 луѓе.
Во многу региони, освен материјалната штета врз станбени згради, има испукани автомобилски патишта, а движењето на возови и фериботи беше запрено и имаше пречки во снабдувањето со електрична енергија и телефонските линии.


Слично
