Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СЕМЕЈСТВАТА ВО СОЛЗИ: Најдени црните кутии, извлечени тела на 100 загинати-17 деца!

(ФОТО) СЕМЕЈСТВАТА ВО СОЛЗИ: Најдени црните кутии, извлечени тела на 100 загинати-17 деца!

Двете црни кутии се најдени на местото на падот на рускиот патнички авион ербас А-321 во планинското подрачје во областа Хашаба јужно од Ариш на Синај, а досега се извлечени телата на 100 патници, меѓу кои и 17 деца.

pad-ruskog-aviona-sinaj-aerodrom-pulkovo-1446291919-774557

 Во меѓувреме, семејствата на загинатите, во солзи пристигнуваат на аеродромот Пулково каде денес од Шарм ел Шеик требаше да слета авионот на компанијата „Когалимавија“ кој со 224 патници и членови на екипажот се урна над Синај во Египет.

pad-ruskog-aviona-sinaj-aerodrom-pulkovo-1446291919-774553

Со тага и неверување, семејствата на патниците на урнатиот авион очекуваат вест од лице место, со надеж дека можеби некој од нив преживеал.

pad-ruskog-aviona-sinaj-aerodrom-pulkovo-1446291919-774561

Според први информации, авионот целосно е уништен, и последната вест е дека нема преживеани.

Меѓу 224 лица кои биле во авионот, кој летал од Шарм ел Шеик кон Санкт Петербург, се наоѓале 17 деца, 200 возрасни и седум членови на екипажот.

 

 

Слично

Поврзани вести