Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СЕ СУДРИЈА ДВА ВОЗА: Излетаа вагони од шини, загина жена

(ФОТО) СЕ СУДРИЈА ДВА ВОЗА: Излетаа вагони од шини, загина жена

Два патнички воза се судрија во близина на местото Никласдорф во австриската покраина Штаерска, при што загина една жена, а повредени се 22 лица.

Жената која загина најверојатно е патничка во возот кој се сообраќаше од Грац кон германскиот град Сарбрикен.

Меѓу повредените има и три деца.

Во железничката несреќа се судрија воз на Еуросити, што сообраќаше од Грац кон Сарбрикен и локален воз.

При судирот повеќе вагони излетаа од шините.

Засега не е позната причината за железничката несреќа.

Повредените се однесени во болница. 

Слично

Поврзани вести