Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СЕ СРУШИЈА ДВЕ БРАНИ: Поплави има и во Кина, штетите се огромни

(ФОТО) СЕ СРУШИЈА ДВЕ БРАНИ: Поплави има и во Кина, штетите се огромни

Кина се бори со поплави. Две брани во Хулунбуир во Внатрешна Монголија се срушија по обилните дождови. 

Браните попуштиле вчера попладне, а една од нив достигнала максимален капацитет, при што водата се излеала над врвот пред целиот резервоар да се испразни за неколку минути. Штетата е огромна. Градската влада на Хулунбуир објави дека поплавите погодиле 16.660 луѓе, а најмалку 53.807 хектари земјоделско земјиште се под вода. 

Полицијата била распоредена да помогне во спасувањето на повеќе од 1.000 овци кои останале опкружени со вода. Биле потребни околу три часа за да се спасат овие животни. Кинескиот заменик министер, Веи Шанжонг претходно изјавил дека скоро третина од резервоарите во земјата немаат задолжителна проценка на безбедноста поради недостаток на финансиски средства.

Екстремните временски услови погодија различни делови на светот во последните неколку недели.

Западна Европа се соочи со поплави. На удар беа Германија, Белгија, но и Украина. 

Слично

Поврзани вести