Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Се гради „чудото“ од аеродром во Абу Даби!

(ФОТО) Се гради „чудото“ од аеродром во Абу Даби!
Точно во 7 часот на 17 јули 2017 година ќе биде отворен новиот терминал на аеродромот во Абу Даби, со површина од 700.000 метри квадратни и капацитет за 30 милиони патници. Вака во Емиратите се поставуваат рокови, вели генералниот директор на аеродромот во Абу Даби Тони Даглас. Изгледот на терминалот е импозантен, но уште повеќе таква е неговата цена - ќе чини три милијарди американски долари. Секојдневно на градилиштето се ангажирани околу 15.000 работници. Изградбата започна пред една година, но веќе се наѕираат контурите на објектот. Се вградуваат вкупно 69.000 тони челик, повеќе од 680.00 кубни метри бетон, 136.00 тони арматура... „За секој проект е важно јасно да знаеме што сакаме да постигнеме. Тргнавме од датумот до кој ќе го завршиме проектот. Со самото тоа сме посветени на овој датум, секојдневно го следиме напредокот, а еднаш месечно го забележуваме и со камера од хеликоптер“, вели Даглас. Терминалот ќе има најголем систем за прием на багаж, со транспортни ленти од 27 километри. Секоја патничка торба ќе паѓа во посебна кутија, а кодот од багажот и кутијата ќе биде идентитечн. Капацитетот ќе биде 19.000 патнички торби на час. Не терминалот има место за 65 авиони во секој момент, вклучувајќи го и најголемиот патнички Ербас А380. За еден час ќе можат да се чекираат 8.500 патници, а ќе бидат инсталирани 7.750 камери и 161 скенер за контрола на патниците. На 18.000 метри квадратни ќе бидат сместени комерцијалните содржини со луксузна стока од познатите светски брендови, а на 10.000 метри квадратни ќе се простираат рестораните и кафулињата.  
Слично

Поврзани вести