(ФОТО) Саудиски принц и првата жена-пилот во Емиратите ги предводат нападите врз Исламската држава
Принцот Калед бин Салман, син на наследникот на престолот во Саудиска Арабија, е воен пилот, па со својот авион бил еден од учесниците во воздушните напади на меѓународната коалиција врз цели на Исламската држава во Сирија.
Учеството на принцот во нападите го открила саудиската влада за да ги уверат западните земји дека се сериозни во своето учество во коалицијата против џихадистите, но и на своите граѓани да им покажат дека Исламската држава е вистински непријател.
На принцот Калед во нападите му се придружи и Маријам Ал Мансури, првата жена пилот од Обединетите Арапски Емирати, чиј авион Ф-16 е дел од ескадрилата на арапските земји која напаѓа цели на џихадистите.
Нејзиното напредување во воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати е навистина неверојатен. Таа се придружила во 2007 година, а сега е веќе заповедничка на ескадрилата. Пред да стане воен пилот, дипломирала англиска книжевност.

Слично