Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Сателитски фотографии од злосторствата на Боко Харам во Нигерија

(ФОТО) Сателитски фотографии од злосторствата на Боко Харам во Нигерија
Сателитските снимки од нигериските градови кои беа под интензивни напади од страна на исламистичката група „Боко Харам“ укажуваат на огромни разорувања и голем број жртви, соопшти организацијата „Амнести интернешнал“. slika1 На снимките се прикажани 3.700 отсечени или уништени објекти во градовите Бага и Дорон Бага , се наведува во соопштението на организацијата. „Амнести“ ги цитира очевидците кои рекле дека милитантите масакрирале луѓе. Организацијата напоменува дека штетите се „катастрофални“, пренесува „Би Би Си“. slika2 Вака изгледал Дора Бага на седми јануари, по разорувањата од страна на исламистите на „Боко Харам“ што ги извршиле во неколку напади минатата недела, вклучувајќи и некои за кои, како што се сомнева, биле употребени и деца како бомбаши самоубијци. Даниел Ејир, претставник на „Амнести“ наведува дека нападите на Бага и Доран Бага, на североистокот во Нигерија, биле најголеми и најсмртоносни. Slika3 Во Нигерија за следниот месец закажани се избори, но постои сомнеж во врска со тоа дали гласањето ќе може да биде спроведено во сите делови од земјата. Претставникоѕ на „Амнести“, Адотеи Аквеи, рекол дека и понатаму е тешко да се дојде до областите во кои се случиле нападите и дека нигериските власти значително го намалуваат бројот на жртви. slika4 На левата страна се наоѓаат два брода, кои биле во пристаништето, додека во јануари овие две пловила повеќе ги нема, се гледаат само две возила на терористите. Боко Харам во центарот на светската јавност допре минатата година кога радикалните припадници на оваа исламска организација грабнаа 276 девојчиња од нигериско училиште во Чибука, град сместен на северот во земјата. slika5 Жолтите точки претставуваат разорени подрачја и области во Бага, додека линиите го представуваат патот по кој се движеле терористите на Боко Харам. Неколку десетици лица успеале да се спасат и да избегаат, но 219 девојчиња и понатаму се водат како исчезнати, а постои сомнеж дека тие се продадени или убиени. slika6 Минатонеделниот масакар во кој беа убиени најмалку 2.000 лица, меѓу кои најмногу жени и деца, повторно го запрепасти светот и го означи Боко Харам како една од најсуровите и најбескрупулозните терористички организации.  
Слично

Поврзани вести