Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Руските воздухопловни сили одржаа тренинг сесија за Парадата на победата

(ФОТО) Руските воздухопловни сили одржаа тренинг сесија за Парадата на победата

Руските воздухопловни сили вежбаат за парадата на победата која се оддржува секоја година на 9 мај – Денот на победата над фашизмот. Над небото во Москва, прелетале различни борбени хеликоптери, стратешки бомбардери Ту-95МСМ и Ту-160, како и група бомбардери Ту-22МЗ и Су-34, објавија бугарските медиуми. На вежбата за парадата над главниот град во Русија летале над 74 машини.
Граѓаните и гостите на Москва можеле да го видат военотранспортниот авион Ил-76, четири борбени авиони МиГ-31, како и авионите Миг-29 и Су-24.

Тренирањето на авијацијата била завршена од група авиони Су-25, кои ги насликале боите на Русија на небото.
На парадата за победа во Москва на 9 мај, се очекува над 130 единици да поминат низ Црвениот плоштад, со колона традиционално предводена од тенкот Т-24-85, симбол на победата. За оваа година е планирано повеќе од 13.600 војници да земат учество на парадата.

Фото БНТ

Слично

Поврзани вести