(ФОТО) Руски шпион влегол во редовите на украинските вооружени сили и издавал информации
Руски шпион лани се инфилтрирал во редовите на украинските вооружени сили и издавал информации.

Украинската безбедносна служба СБУ, заробила руски шпион, кој им се придружил на вооружените сили на Украина за да открива позиции на украинските борбени авиони. Човекот е родум од Крим, го поддржал референдумот во 2014 година и добил руски пасош, а пред почетокот на војната дошол во областа Николаев, каде што живееле неговите роднини.

„Наоѓајќи се во една од воените единици, тој го следел движењето на борбените авиони и позициите на силите за воздушна одбрана. Тој, исто така, дознал информации за магацини за муниција и гориво“, соопштија од СБУ.
Ова не е прв ваков случај. И претходно, во своите редови, укринските сили откриваа луѓе кои пренесувале информации на непријателската страна. Претходно во Одеса, украинските сили уапсија човек кој крадел оружје од магацин.
Слично
