Фото: Руси најдоа мистериозни черепи во нацистички ковчег
Тим на руски истражувачи во Адигеја, во јужниот дел на Русија, пронајдоа нацистички ковчег кој припаѓал на тајното окултустичко друштво Анеребе во кој биле сместени мистериозни черепи кои вооопшто не наликуваат дека се човечки.

Станува збор за черепи без вилици, челни коски и заден дел. Остатоците ги открил тимот на научникот Владимир Меликов уште пред две години, но откритието станало интересно откако било утврдено дека на ковчегот има знак на Аненербе.
Анернебе е главното воено-окултистичко здружение оформено од Хајнрих Химлер кое му служело на Хитлер и со него извршувале ритуали и паѓале во трансови, па потоа Фирерот се смета дека црпел моќ од натрпиродните сили. За таа цел се организирале и бројни експедиции во потрага по антички артефакти и тајни на источните цивилизации.

Сепак, со вакви „пронајдоци“ треба да се внимава се додека не се истржат темелно бидејќи може да станува збор за фалсификат. Во секој случај самата анатомија на черепите е многу необична па веднаш почнаа да кружат теории дека се од вонземјани или натприродни суштества кои соработувале со Нацистите во вршењето на злоделата.
