(ФОТО) Роден е во Брисел: Кој е терористот организатор и спонзор на ужасот во Париз?
Прв осомничен за организатор на крвавите напади во Париз е 27-годишниот Абделхамид Абауд осомничен за еден од најактивните борци на „Исламска држава“ во Сирија, објави француското „RTL“.
Според истражните органи Абауд ги финансирал и организирал нападите и експлозиите во француската престолнина.
Името Абделхамид Абауд беше познато околу истрагата на подготовка на напади во Белгија. Освен тоа тој бил помеѓу терористите, прогонувани во Грција во почетокот на годината. Според некои податоци, тој бил уапсен. Токму од Грција влегол во Европа наводниот бомбаш-самоубиец од Сирија, Ахмед Алмухамед.
Абауд е роден во бриселскиот кварт „Моленбек“, каде веднаш по нападите во Париз беше спроведена полициска акција и беа приведени многу луѓе осомничени за нападот. Истото соседство се смета за прибиралиште на џихадисти во Белгија.


