Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Ријад ќе го добие најголемото и најлуксузното метро во светот

(ФОТО) Ријад ќе го добие најголемото и најлуксузното метро во светот
Кралството Саудиска Арабија, во главниот град Ријад, ќе го гради најголемото метро во светот, кое ќе чини 22,5 милијарди долари, пишува германскиот весник Ханделсблат. Мрежата ќе биде долга 176 километри и ќе вклучува шест линии. Се очекува градежните активности да започнат во првиот квартал на 2014 година и да завршат до 2019 година. Кралството склучило договори со три странски конзорциуми кои ќе го градат подземниот систем за јавен железнички превоз. Конзорциумите ги водат компании од САД, Шпанија и Италија (Бехтел, ФЧ Констракшн и Фоменто). Се работи за изразито футуристички дизајн и архитектура со скапо стакло како подлога и ѕидови обложени со злато. Предлог решението за изведбата на овој проект е дело на познатата архитектка Заха Хаид, која стои зад бројни проекти низ цел свет.
Слично

Поврзани вести