Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) РЕДОК ФЕНОМЕН: Плажа покриена со ледени топки

(ФОТО) РЕДОК ФЕНОМЕН: Плажа покриена со ледени топки

Редок феномен е забележан во Финска. 

Илјадници ледени топки со форма на јајце покрија плажа. Ледените јајца се фотографирани на островот Хаилуто во заливот Ботнија, што се наоѓа меѓу Финска и Шведска.

Метеорологот на Би-Би-Си, Џорџ Гудфелоу вели дека условите треба да бидат студени и малку ветровити за да се формираат вакви топки.

Експертите велат дека тие се создадени во редок процес, во кој што парчиња мраз се превртуваат под дејство на ветер и вода.

„Бев на плажата со мојата сопруга и времето беше сончево и ветровито, околу минус еден степен. Тука го видовме тој неверојатен феномен. Покрај линијата на водата, на плажата имаше огромен број снежни и ледени јајца. Најмалите топки имаа големина на јајце, а најголемите на фудбалска топка“, изјави фотографот Ристо Матила.

Слични настани претходно беа пријавени во Русија и на езерото Мичиген во близина на Чикаго.

Слично

Поврзани вести