Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ: Путин ги сврте џихадистите во Сирија еден против друг

(ФОТО) РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ: Путин ги сврте џихадистите во Сирија еден против друг

Терористичките организации во Сирија се свртеа едни против други после жестоки руски напади во таа земја и сега меѓусебно се борат за територија.

Исламската држава, наводно нападнала цели на Ал Нусра, терористичка група блиска до Ал Каеда, бомбардирајќи ги со три авто-бомби. Исто така се верува дека ослабените терористи, кои според тврдењата на руското Министерство за одбрана, останале без оружје и оклопни возила, сега меѓусебно се судираат околу превласта.

 Освен тоа, се појавија и информации дека терористичките организации регрутираат се повеќе деца.

is-islamisti-dzihadisti-deca-foto-printscreenyoutube-1444396529-758527

Воените авиони на Путин уништиле 51 мети на ИС во последните 24 часа, соопшти Министерството за обрана на Русија. Уништени се два подземни бункери во Хомс, кои терористите ги користеле за криење на оружја и како би се движеле незабележано.

Руски авиони целеле кон команден центар во Хама, а џихадистите тргнале во бегство.

Слично

Поврзани вести