(ФОТО) „Раша Тудеј“: Авионот на Путин бил мета на ракетниот напад!
Авионот на Владимир Путин и малезискиот боинг 777 се сечеа во иста точка, на иста висина. Тоа се случи близу Варшава на висина од 10.100 метри.
Според извори од руската авијација авионот на рускиот претседател Владимир Путин и соборениот малезиски боинг 777 „се сечеле“ на иста точка на небото.
Според овој извор се претпоставува дека целта на украинската ракета би можело да биде авионот на претседателот на Русија,п ренесува „Раша Тудеј“.
„Авионот на Владимир Путин и малезискиот боинг 777 се сечеа во иста точка, на иста висина. Тоа се случило близу Варшава на висина од 10.100 метри. Малезискиот авион таму поминал во 15.44 часот а Путиновиот во 16.21 часот“, рекол овој ивор.
Според неговите зборови контурите на двата авиони се многу слични а боите на авионот кога се гледаат од далеку, делуваат речиси идентично.

