Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ПРВА ФОТОГРАФИЈА ОД НАПАЃАЧОТ: Ова е тинејџерот што пукаше во Минхен!

(ФОТО) ПРВА ФОТОГРАФИЈА ОД НАПАЃАЧОТ: Ова е тинејџерот што пукаше во Минхен!

Али Давид Сонболи стар 18 години во синоќешниот напад во трговскиот центар Олимпија убие десет лица, од кои седумина тинејџери пишуваат германските медиуми. Повредени се 27 лица, од кои четворица имаат прострелни рани. Мотивите на нападот не се познати.

Нема докази дека напаѓачот бил поврзан со Исламска држава ниту со бегалците, соопшти шефот на баварската полиција Хуберт Андре.

ali-david-sonbol-minhen-pucnjava-foto-ps-fb-1469272120-955005

Андре рекол дека 18-годишниот напаѓач „бил психијатарски случај“, лечен од депресија како и дека се работи за класично пукање а не за тероризам.

Полицијата не пронајде докази дека во вчерашното пукање учествувале повеќе од еден напаѓач, рекол шефот на полицијата за новинарите.

Според неговите зборови, напаѓачот е роден и пораснал во Минхен. Носел пиштол „glok“ од девет милиметри и имал 300 куршуми, рекол полицискиот истражител Роберт Хамбергер.

Убиецот, како што е наведено, најверојатно хакирал профил на млада жена на Фејсбук и ги повикал граѓаните да дојдат во трговскиот центар на бесплатен оброк .

Слично

Поврзани вести