(ФОТО) Протести против НАТО самитот во Велс
Секој самит на НАТО го следат и протести против Алијансата. Повеќе антиглобалисти и левичарски движења се собраа денеска на протести во Њупорт, Велс, каде што се одржува новиот состанок на врвот на НАТО.
Тие протестираат во центарот на Њупорт, бидејќи самитот се одржува во изолиран комплекс долж терените за голф, до кои немаат пристап.
Светските лидери се собраа во Велс, каде што денеска и утре ги разгледуваат пред се односите со Русија, кризата во Украина, повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан и растечката закана од исламистичките групи во Ирак и Сирија.
Протестите против НАТО знаат да бидат насилни, па затоа во Њупорт се распоредени големи полициски сили како обезбедување.
Засега нема информации за некакви инциденти.

Слично