Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Проширена потрагата за телата на патниците од авионот, во Русија ден на жалост!

(ФОТО) Проширена потрагата за телата на патниците од авионот, во Русија ден на жалост!

Египетски спасувачки тимови денес продолжија да ги бараат телата на патниците на рускиот авион кој се урна над египетски Синај, при што потрагата е проширена откако во текот се пронајдени на подрачје од дури осум квадратни километри. Во Русија денес е ден на жалост по повод загинувањето на 224 патници и членови на екипажот на авионот, а во Санкт Петербург, откаде што се повеќето загинати, ќе биде ден на жалост повеќе дена кои ќе траат додека не се погребаат сите жртви.

Mideast Egypt Russian Plane Crash

Еден воен офицер, кој помага во несреќата, за АФП рекол дека спасувачите досега пронашле тела на 163 од вклупно 224 патници и членови на екипажот кои се наоѓале во авионот „ербас А-321“ кој се урна недолго после полетувањето од летувалиштето Шарм ел Шеик.

 Во авионот се наоѓале 214 руски државјани, три лица со украински пасош, како и седум членови на екипажот.

Mideast Egypt Russian Plane Crash

Спасувачите одлучиле да го прошират подрачјето на кое се спроведува истрагата на 15 километри квадратни, рекол офицерот кој сакал да остане анонимен.

„Пронајдовме тело на едно тиргодишно девојче осум километри од местото на кое се најдени остатоците од авионот“, рекол тој додавајќи дека голем број на тела немаат екстремитети.

Во меѓувреме на местото на несреќата стигнале и руски истражувачи, на кои ќе им биде дозволен пристап до остатоците од авионот во оддалечениот дел на полуостровот Синај.

Истражните органи ја пронашле црната кутија од авионот, а владата во Каиро навела дека нејзината содржина се анализира како би се утврдила причината за падот на авионот. И египетски и руски претставници изразиле сомнение во тврдењето на огранокот на Исламска држава дека тие го урнале авионот.

Во Русија денес ден на жалост поради падот на авионот

Ukraine Egypt Russian Plane Crash

Во Русија денес е ден на жалост поради загинувањето на 224 патници и членови на екипажот на рускиот авион кој падна над египетскиот полуостров Синај, а во Санкт Петербург откаде што се повеќето загинати патници, ќе биде повеќе денови жалост, кои ќе траат се додека не се погребаат сите жртви.

Ukraine Egypt Russian Plane Crash

Слично

Поврзани вести