Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Пронајдени остатоци на MH370: Дали е лоциран малезискиот авион?

(ФОТО) Пронајдени остатоци на MH370: Дали е лоциран малезискиот авион?

Во близина на островот Реинион во Индискиот океан се пронајдени остатоци на авионот за кои има сомненија дека е авионот на „Малезија ерлајнс“ кој исчезна во март 2014, јавува Си-Ен-Ен. Островот Реинион се наоѓа на околу 800 километри од Мадагаскар.

Припадникот на Воздухопловството на Франција Кристијан Ретоурнат рекол за наведената телевизија дека траат испитувања дали се работи за малезискиот MH370 кој исчезна пред 18 месеци.

maleziski1

На поранешниот воен пилот еден жител на островот му испратил низа фотографии кои ги прикажуваат остатоците. Поранешниот воен пилот Ксавијер Тителман, на кој еден жител на Реинион му испратил низа фотографии кои  ги прикажуваат остатоците, тврди дека тоа би можел да биде исчезнатиот MH370!

Колегите со кои се консултирал се сложуваат дека крилото му припаѓа на Боинг 777, а тоа бил токму тип од авионот на летот MH370.

„Не можеме да бидеме сигурни, но постои можност тоа да е дел од исчезнатиот авион“, рекол Тителман, на кој фотографиите му се испратени денес утрово.

Полицијата од Реинион, која ги прегледала остатоците, смета дека биле во вода околу година дена, што повторно се поклопува со исчезнувањето.

maleziski2

„Премногу е рано да кажеме дали е или не е MH370. Пронајдовме остатоци утрово кај брегот Сент Андре“, рекол Ретоурнант.

Според неговите зборови, остатоците се извлечени на островот.

maleziski3

Авионот MH370 исчезна на 8 март 2014 година после полетувањето од Куала Лампур во Малезија.

maleziski4

Слично

Поврзани вести