Фото: Пронајден „вонземски“ череп на дете од 2 век во Крим
Група на археолози пронајде стара гробница во Крим во селото Јаковенково која датира од вториот век, но тоа што најмногу привлече внимание е черепот на мало дете кој е доста издолжен и има речиси цилиндрична форма.
Ваквиот деформитет на черепот веднаш на друштвените мрежи му го донесе епитетот вонземски поради невообичаената форма. Според антрополозите станува збор за деформитет кој може да се сретне кај Сарматианците, народ кој живеел на овие простори и своевремено имал свое кралство.
Археолозите ќе продолжат со ископувањата во областа на Јаковенково бидејќи пронајдена се камени гробници од посоченото кралство во кои се положени многу важни личности со вредни артефакти.
Слично
