Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ПРОНАЈДЕН СОМНИТЕЛЕН ПАКЕТ ВО ЏАМИЈА ВО БРИСЕЛ: Полицијата се сомнева дека е антракс!

(ФОТО) ПРОНАЈДЕН СОМНИТЕЛЕН ПАКЕТ ВО ЏАМИЈА ВО БРИСЕЛ: Полицијата се сомнева дека е антракс!

Пожарната служба и екипите за деконтанимација денеска излегоа на терен, во џамијата во близина на Европската комисија, каде е пронајден пакет со сомнителен прав, за кој, како што е изјавено од пожарникарната служба постои можност да се работи за антракс.

Новинарите од „Ројтерс“ виделе над десетина возила на итната помош, влкучувајќи ја и полицијата, пред исламскиот културен центар во Белгија, во чиј состав се наоѓа најголемата џамија во Брисел, околу 200 метри од Европската комисија.

belgija 2

Екипата за цивилна заштита спровела деконтанимација (отстранување или неутрализирање на отровни материи од земјата,предметите и сл.) поради претпазливост на неколку луѓе во џамијата во која стигнал сомнителниот пакет.

Човекот кој го отворил пакетот открил дека се работи за бел прашок и веднаш ги известил надлежните.

belgija 3

Специјалната екипа на противпожарната служба е поставена на терен, раскажуваат очевидци од лице место.

belgija 4

Капетанот на пожарникарната бригада Ан Вибин изјавила дека 11 луѓе се предмет на деконтаминација од претпазливост се додека не биде утврдено за која супстанца точно се работи.

belgija 1

Таа изјавила дека ќе бидат потребни шест часа за да се анализира прашокот, но тој не бил радиоактивен.

brisel dzamija

Белгиските медиуми известуваат дека прашакот се наоѓал во коверти.

Слично

Поврзани вести