(ФОТО) Преговори во тек: Путин, Меркел и Оланд за Украина!
Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Франсоа Оланд , и германската канцеларка Ангела Меркел почнаа вечерва во Кремљ разговори за решавање на украинската криза.
Оланд и Ангела Меркел допатуваа во Москва за да му предложат на Путин нов мировен план за решавање на десетмесечните конфликти во источна Украина, во кои загинаа повеќе од 5300 луѓе.
Детаљите на тој план не се обелоденети но западните медиуми денеска пренесуваат дека примирје, раздвојување на страните во судирот на истокот од Украина со можно разместување на „плави шлемови“ на ОН и преговори за федерализација на земјата, слични на Дејтон, веројатно се клучни понуди во мировниот план.
Меркел пред заминувањето во Москва, рекла дека иницијативата на Берлин и Париз за разрешување на украинската криза ја има за цел одбраната на „европскиот мир“.
„Не знаеме дали ќе имаме кратки или долги разговори во Москва или тоа ќе бидат последните разговори. Ние можеме да работиме само на она што можеме да го разрешиме овој конфликт и посебно да ставиме крај на крвопролевањето“, рекла германската канцеларка.
Истовремено, Оланд во Париз изјавил дека заминува во Москва на разговори со Путин со цел постигнување на глобална спогодба за завршување на насилството во Украина, истакнувајќи дека примирјето е само прв чекор.
Меркел и Оланд вчера престојувале во Киев каде разговарале со украинскиот претседател Петро Порошенко за нивниот предлог за решавање на конфликтот.

