ФОТО: ПОЖАР ВО ФРАНЦИЈА – eвакуирани над 3.000 туристи
Над 3.000 туристи се евакуирани од кампови во реонот на градот Перпињан во јужна Франција поради шумски пожар кој го загрози регионот.
Еден пожарникар загина во пожарот, пренесе Франс Прес. Поради силниот ветер огнот стигнал близу до четири кампови со француски, белгиски, британски и германски туристи. Туристите се евакуирани брзо, пред да настапи паника.
Еден пожарникар загина и тројца се повредени во несреќа со нивниот автомобил, која се случила на пат кон местото на пожарот. Причините за несреќата уште се разјаснуваат. Тројцата повредени се примени во болница во Перпињан во тешка состојба.
Во близина околу 200 хектари борова шума изгореа на север од градот Нарбон.
Слично


